„АмРест Холдингс СЕ“, најголемиот оператор на ресторани во централна Европа, најави дека планира да отвори кафулиња на „Старбакс“ во Србија. Првиот се очекува во Белград во текот на оваа година.

– Првиот Старбакс локал ќе биде отворен оваа година во Белград, градот со долгогодишна традиција на уживање во кафето. „АмРест“ е водечки оператор на „Старбакс“ кафулињата во регионот на централна Европа.