Првата дама на САД Меланија Трамп се појави во јавност по речиси еден месец отсуство, на приемот за Gold Star Families во Белата куќа.

Меланија влезе во просторијата со претседателот Доналд Трамп по рака и изгледаше одлично. Белата куќа не дозволи присуство на новинари на настанот, но присутните снима со мобилни телефони.
Првата дама остана во текот на целиот прием што траеше речиси еден час. Таа не се обрати, но го следеше Трамп од првиот ред додека тој држеше говор.
Присутните изјавија дека изгледала „прекрасно и стокмено како и секогаш“ и носела „вртоглаво високи потпетици“.
https://twitter.com/JenaMGreene/status/1003766147198672896
Извор од Белата куќа рече дека првата дама потоа разговарала со дел од семејствата за кои беше организиран настанот.
Меланија Трамп не беше видена во јавност од 10 мај кога во воената база Ендрјуз заедно со претседателот Трамп ги пречекаа тројцата Американци ослободени од затвор во Северна Кореја.
На 14 мај беше соопштено дека првата дама на САД имала операција за отстранување на бениген тумор на бубрегот, дека сѐ поминало во најдобар ред и дека одлично закрепнува. Сепак, после тоа немаше никакви информации за Меланија, сѐ до минатата недела кога на официјалниот профил на првата дама на Twitter осамна порака во која стои дека нема причина за загриженост и дека таа е добра и одмара со семејството во Белата куќа.