Во вторник вечерта на небото над Пула беше напнато. Имено, авион на НАТО F-16 имал технички проблеми па пилотот побарал слетување на аеродромот во Пула.

Како што објави порталот Regional Ekspres, драмата на небото над Пула траела еден час, а во тој период над градот кружеле два F-16 авиони на НАТО. Набрзо се покажало дека еден од нив има технички проблеми, поради што е побарано слетување на пулсиот аеродром.
Подготвени биле сите аеродромски служби, но и пожарникари и итната помош.
Но, по некое време, авионот кој пријавил технички прблем не слетал на пулскиот аеродром и продолжил понатаму.
За време на драмата, службениците на аеродромот ги пренасочувале редовните летови и биле во потполна подготвеност.