Во Албанија ќе се гради центар за балкански повратници од ИД

од desk2
78 прегледи

Неколку албански медиуми објавија дека во Албанија ќе се гради центар за повратници од Исламска држава од балкански држави, повикувајќи се на информација која според нив, ја соопштил бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција посветена на насилниот ектремизам, одржана во Тирана.

„Во Албанија ќе се изгради центар за координација на повратници од ИД од балканските земји. За тоа предложив секоја држава да испрати по еден офицер за врски, за заедничката борба да биде поорганизирана“, изјавил Борисов по средба со премиерот Рама, објави порталот Албеу.

Тој нагласил дека тоа нема да биде единствен центар во Албанија со „фокус на тероризмот“./РСЕ