Брисел ја деблокираше помошта од 1,5 милиони евра за БиХ заради справување со мигрантскиот бран

од desk4
131 прегледи

  Европската комисија денеска соопшти дека доделила финансиска помош од 1,5 милиони евра за Босна и Херрцеговина со цел да и помогне да се справи со приливот на мигранти, кои минуваат низ територијата на земјата на патот кон Западна Европа.

– Бројот на бегалци и мигранти кои пристигнуваат во Босна расте и ние треба брзо да дејствуваме, изјави еврокомесарот за прашањата за хуманитарна помош Христос Стилианидис.

Претходно денеска, босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ изјави дека приливот на илегални мигранти во Босна и Херцеговина продолжува, соопшти агенција Хина.

Според податоците на Министерството, од почетокот на годината во Босна и Херцеговина влегле 5.664 илегални мигранти, од кои само 437 поднеле барања за азил. Во моментов има помеѓу 1.700 и 1.800 мигранти во земјата. Досега, ниту една апликација за азил не е одобрена, рече Метиќ.