Поради пожар, Роби Вилијамс евакуиран од хотел во Лондон (ВИДЕО)

од desk4
97 прегледи

Поради пожар, Роби Вилијамс евакуиран од хотел во Лондон (ВИДЕО)

Вкупно 36 гости и 250 лица беа евакуирани откако избувна пожар во „Mandarin Oriental“ хотелот со 5 ѕвезди во Лондон. Меѓу нив беа познатиот изведувач Роби Вилијамс и неговата сопруга Ида Филд. За време на евакуацијата, тие беа снимени од неколку фанови.

Вилијамс престојуваше во хотелот пред да учествува на хуманитарен фудбалски натпревар организиран од УНИЦЕФ.

За среќа, немаше настрадани од несреќата, а причините за пожарот се уште не се утврдени.

https://youtu.be/lKcaNh2c9PI