Прв Отворен ден во Владата за иницијативи на граѓански организации

од desk4
92 прегледи

  Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде одржан првиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации: „Практики на соработка меѓу Владата и граѓанските организации – како да се подобриме?“.

На првиот Отворен ден ќе се дискутира за постоечките добри практики и механизми за соработка меѓу Владата и граѓанските организации. Во дебатата ќе учествуваат претседателот на Владата Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и претседателката на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Фани Каранфилова – Пановска, соопшти владината прес-служба.