По катастрофалниот економски раст од само 0.1% на македонската економија во првиот квартал годинава, со што државава оствари убедливо најслаб резултат во Европа, и Светска банка направи официјална корекција на проекциите за економскиот раст со што ги намали истите со кој што ќе расте македонската економија.
Светска Банка во својот извештај Global Economic Prospects за Јуни 2018 ја ревидираше оценката и прогнозира дека македонската економија оваа година ќе расте за 0,9% помалку од претходната оценка, односно од 3,2 колку изнесуваше во јануари 2018 година, на 2,3 % колку што изнесува проекцијата во јуни 2018 година.
Ова е огромен пораз за економските политики на Владата предводена од Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ