Путин бара од Порошенко ослободување на уапсените руски новинари во Украина

од desk2
147 прегледи

 

Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со украинскиот колега Петро Порошенко, побара итно ослободување на руските новинари уапсени во Украина, соопшти Кремљ.

„Посебно внимание е посветено на хуманитарните прашања, вклучително и размена на затвореници. Рускиот претседател ја нагласи потребата веднаш да се ослободат руските новинари уапсени во Украина“, се наведува во соопштението.

Се истакнува дека омбудсманите на Русија и на Украина ќе ги посетат руските државјани во затворот во Украина и обратно.

Телефонскиот разговор е на иницијатива на Киев.

Кон средината на мај украинската безбедносна служба изврши обемна акција против вработените во дописничката руска новинска агенција РИА Новости во Украина, обвинувајќи ги за предавство.

Шефот на дописништвото Кирил Вишински е уапсен. Извршени се и претреси на канцелариите на дописниѓтвото во Киев како и на неколку станови на руски новинари.