Возачите во Србија и денеска ги блокираа патиштата поради високите цени на горивата

од desk2
98 прегледи

 

Во повеќе градови во соседна Србија возачите и денеска го блокираа сообраќајот протестирајќи на тој начин поради високите цени на горивата.

Ова е втор ден како на еден час се блокирани патиштата кај Краљево, Крагуевац, Прелина, Сремска Митровица, автопатот Белград-Загреб, Ибарската магистрала и други.

Освен тоа, автомобилите сопреа и кај Банатски Карловац, Оџак, но и во Белгар каде група возачи го блокираа плоштадот „Славија“, додека останатите сообраќајници беа проодни.