Резервниот „џамбо џет“ кој секогаш на патувања го следи претседателот на САД во официјалниот сино-бел авион, слета во Суд во Грција.

Се работи за поморско-воздухопловна база во Грција и НАТО на северозападот на островот Крит, јавија атинските медиуми.
Медиумите пренесоа дека во Суд утре, во недела наутро, заради снабдување со гориво ќе слета и официјалниот претседателски авион, воена верзија на „боинг 747″ со коден назив AirForce 1.
Имено, Донад Трамп патува за Сингапур, каде во вторник ќе се состане со водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун.
Грчките медиуми укажаа дека повеќе од тоа не се знае, и дека во интерес на безбедноста во тие прилики во многу случаи се користени методи на дезинформации.
Трамп во Сингапур патува од Канада каде учествуваше на самитот на Групата сеум индустриски најразвиени земји на светот.
Во петок „Ктимерини“ објаву дека во поморско-воздухопловната база во Суд во тек се обемни подготвоки за слетување на претседателскиот авион кој треба да се снабди со гориво.
Не е познато дали трамп ќе ги поздрави американските војници во Суд, или авионот само ќе се наполни со гориво и ќе продолжи со патот.
По бројот на стационирани воени бродови Суд е втора по големина база на Воената морнарица на Грција, и најголема база на САД и НАТО во источниот дел на Средоземното Море.