Вечерта во Кино Култура од 20:30 ч. со перформанс на Тревис Алабанза, небинарен трансродов уметник кој ги поставува стандардите и патоказите за иднината на квир перформансот, во рамките на Недела на Гордоста. Алабанза ќе се претстави со мултимедијалниот перформанс Пред да излезам (ме сакаш).
![]()
После перформансот, Викендотна гордоста ќе се затвори со Ди Џеј сет на Соња Сајзор, и спектакуларно дрег шоу на 3 дрег кралици од Белград – дуото Хаус на К.Г. (КејЏи) и дрег кралицата Острога Ми.
Травис Алабанза е изведувач, писател и драматург кој живее во Лондон. Во изминатите две години се утврди како еден од најпроминентните нови квир гласови во Обединетото Кралство и ширум светот, со резидентен престој во галериите Тејт, настапува во Јубилеј во театарот Лирик Хамерсмит, а заврши и едномесечна тура низ колеџите во САД. Делата на Алабанза се издадени во Дејзд, АјДи, Гардијан, БиБиСи, списанието Хак, Геј Тајмс, со изведби во Тејт, Раундхаус, В&A, Институтот за современи уметности (ICA) и многу други.
Соња Сајзор е трансфеминистка, организаторка на настани, кант-авторка, уметничка директорка, диџеј и мултидисциплинарен визуелен уметник чии алатки за уметнички израз се шминката, костимографијата, графичкиот дизајн, фотографијата, филмот и перформансот.
Skopje Pride Weekend 2018 е реализиран со несебичната поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.