Ново детско игралиште на Клиниката за детски болести

од desk2
82 прегледи

Во кругот на Клиниката за детски болести во Скопје изградено е игралиште наменето за дечињата кои ја посетуваат Клиниката.


Игралиштето е изградено во партнерство меѓу американската невладина организација „ЛинкАкрос“ и софтверската компанија „Армедиа“. Во изградбата учествуваа вработени од „Армедиа“ и волонтери.

Ова е второ игралиште изградено во партнерство меѓу овие две компании. Минатата година тие заедно реализираа сличен проект во основното училиште „Кирил и Методиј“ во селото Стајковци.
Покрај игралиштето, како резултат на соработката меѓу Клиниката за детски болести и „ЛинкАкрос“ во минатото беше реализиран проект за отварање на педијатриски ургентен центар во болницата и беа воведени нови методи на Одделението за интензивна нега преку размена на искуство со американски доктори