Информации од Јужна Кореја откриваат дека Huawei Mate 20 се очекува на крајот од годината и најверојатно, ќе има поголем дисплеј од неговиот претходник. Ова станува јасно од публикација на корејското издание The Bell, во кое се наведува дека Huawei им нарачала на Samsung OLED панели со дијагонала од 6,9-инчи, а компонентите ќе се користат во стратешки модел во последниот квартал на годината.

Тогаш по традиција кинеската компанија го промовира својот предводник за втората половина на годината, така што можеме логично да претпоставиме дека овој дисплеј ќе најде место токму во Mate 20. Според информациите во моментов Samsung му обезбедува на Huawei примероци од екранот, а масовните испораки се планирани за крајот на третиот квартал. Ова исто така ја поддржува теоријата дека оваа компонента ќе биде за модел во серијата Mate 20, бидејќи минатата година Mate 10 и Mate 10 Pro беа претставени на 16 октомври, а нивната продажба почна малку подоцна.
Зголемувањето на големината на екранот има логика, бидејќи моделите Mate секогаш биле поголеми од уредите P. Оваа година P20 Pro се здоби со 6.1-инчен OLED екран кој е поголем од 6-инчиниот во Mate 10 Pro, а ако Mate 20 се обложи на дијагонала 6,9, ќе успее да понуди поголем екран од Galaxy Note 9, кој се очекува да има 6.38-инчен панел.
Според прогнозите, во втората половина на годината Apple ќе понуди iPhone со дијагонала на екранот од 6.46-инчи, кој ќе биде насочен кон Кина, а Huawei планира да се бори со него токму со Mate 20.