„Бандит или поет“ на Раде Драинац на македонски јазик

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Избор од поезијата на српскиот поет Раде Драинац „Бандит или поет“ претставен на македонски јазик во издание „Везилка 2011“. Изборот и препевот се на македонскиот поет Ристо Лазаров.

Во кусиот поговор на книгата се наведува дека Раде Драинац проживеал четириесетина страдалнички години, вклучувајќи ја епопејата на преминувањето на Албанија, на шеснаесетгодишна возраст, во Првата светска војна. Бил некое време во Париз, но во песните го прошетал цел свет со око на непогрешлив набљудувач и со душа на искрен вљубеник.

Поезијата на Раде Драинац го дели доброто и злото на своето време, целиот е нурнат во движе­њето чија што карактеристика е, меѓу другото (ќе запише Марко Ристиќ) дотерувањето на изгледот на поезијата со изгледот што на почетокот на дваесетиот век го добил надворешниот свет. Подвижници на тоа движење се Волт Витмен, Оскар Вајлд, Мајаковски, Аполинер… Убава поетска братија наспроти општата состојба на духот./МИА