Sony не нѝ дале никакви информации за својата петта генерација PlayStation конзола. Сепак, според новиот извештај, PlayStation 5 ќе работи на новата архитектура на AMD – Zen CPU заедно со графичката архитектура на Navi. Дури се зборува дека AMD ја развил Navi графичката архитектура специјално за PS5.

За ова дознаваме од „Форбс“, кој цитира анонимни извори. Но, ова е вторпат да слушнеме за тоа. Значи, речиси 100% сигурно Sony ќе ја користи архитектурата на компанијата од Калифорнија.
Се чини дека соработката помеѓу Sony и AMD се случува веќе некое време. Ова е една од причините зошто проектот RX Vega со групата Radeon Technologies, предводена од Раџа Кодури, настрада.
Не знаеме точно дали AMD ќе направи посебен Zen чипсет за Sony, или Јапонците ќе треба да користат посебни делови.
Прерано е да се шпекулира повеќе за наследникот на PS4. Sony дури и не спомна кога ќе ја објави петтата генерација на конзолата. Значи, ние немаме идеја дали ова ќе се случи во блиска или далечна иднина.