ВМРО ДПМНЕ својата годишнина ќе ја прослави во Битола со новото реководство и со протестен марш за своите сопартијци и истомисленици.

Опозицискаиот лидер го покани целото членство на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат во Битола да организираат протестен марш во знак на незадоволство од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.
Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, кое само по себе е капитулација. Повеќепати го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име.
Протесниот марш во Битола ќе почне во 13:30 часот пред спортската сала во Битола, преку Широк Сокак до Домот на културата, пред споменикот на Гоце Делчев.
Предвидено е обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.