Три деца изгореле при пожар во Велес

од desk4
625 прегледи

Страшна трагедија попладнево го потресе Велес. Во пожар кој избил нешто пред 17 часот изгореле три дечиња на една, две и петгодишна возраст – пренесува ТВ24.

Според првичните информации, куќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен во Велес. Семејството во импровизираното живеалиште живеело околу 2 години.

Причината за пожарот се уште е непозната. Од местото на пожарот се уште може да се забележи чад.

Изгорената куќа се наоѓа под местото викано Вршник на улицата „Даре Џамбаз“ во близина на Велес.

Во куќата немало ниту струја, ниту вода, бидејќи семејството било социјален случај, па затоа е нејасно од што е предизвикан пожарот.

Родителите ги заклучиле децата дома додека биле излезени.

Во моментот, јавен обвинител се уште врши увид и се очекуваат дополнителни информации.

Пожарот го забележале соседите кои се одалечени на околу 100 метри од куќата во која избил пожарот.