Best Seller: Александар Ванг кондоми

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Во чест на месецот на гордоста, Александар Ванг соработува со бренд кондоми за капсулна колекција со тематско име ” Заштити го Вашиот Ванг”.

Ограничената колекција вклучува капа, маица и чорапи, што го носат името на линијата.

Од сите предлози, главниот фокус е на кондомите. Бесплатен примерок од нив ќе дојде со секое парче во колекцијата, а самиот дизајнер ќе ги носи за време на Неделата на гордоста во Њујорк.

 

“Гордоста (Pride) е дефинитивно еден од моите омилени моменти оваа година, а тоа е уште посебен кога можете да се обедините со вашите пријатели и обожаватели за да споделите важна порака која промовира здравје во оваа заедница”, рече Александар Ванг.

Сите предмети во колекцијата може да се видат во нашата галерија.