Секое трето дете во Македонија е предебело

од desk2
101 прегледи

Речиси секое трето дете во Македонија има телесна тежина поголема од предвидената за неговата возраст.

Ова го потврдуваат статистичките податоци за нутритивниот статус на децата на возраст од 7 до 8 години од Институтот за јавно здравје. Поради ова, компанијата Beko реализира кампања „Јади како шампион“ (Eat like a pro) за создавање здравики навики во исхраната кај децата.

Во оваа насока, компанијата Beko донираше вредносен чек на Посебното Основно Училиште „д-р Златан Сремец“ од Скопје за обезбедување на бела техника согласно потребите на училиштето.