Без вода дел од корисниците на булеварот „Видое Смилевски Бато“

од desk2
115 прегледи

Поради замена на затворач ф-80мм и дефект на приклучна цевка ф-80 мм на бул.Видое Смилевски Бато 85 со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците на дел од булеварот-од број 11 до број 89 (непарни броеви).


Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје по известување добиено од ЈП Водовод, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:15 часот до завршување на работите.