Белата куќа со повик до Турција да ја зајакне демократијата

од Vladimir Zorba
84 прегледи

 Белата куќа ја повика Турција да ја зајакне демократијата, еден ден по убедливата победа на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на претседателските и парламентарните избори.


– Ја охрабруваме Турција да преземе мерки за зајакнување на демократијата, рече портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс. Нејзината изјава е првата реакција на САД по реизборот на Ердоган за претседател.

– Сакаме конструктивни односи со претседателот Ердоган да се соочиме со заедничките предизвици. Ги охрабруваме сите претставници избрани од народот на Турција, вклучувајќи го и претседателот Ердоган, да ги изразат различните ставови на сите турски граѓани и да ја зајакнат турската демократија, изјави портпаролката на Стејт департментот.