Дачиќ: Решението за Косово не може да биде признавање на независноста

од desk2
70 прегледи

Ако сакаме трајно решение за Косово тоа не може да се заснова Србија да ја признае независноста. Забележливо е дека Приштина нема волја да постигне компромис, изјави денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.


Тој смета дека се уште е далеку конечното решение и распишувањето референдум и дека се уште се трага по решенија.

– По состанокот во Брисел, на делегации од Белград и Приштина со Федерика Могерини, сите се согласни дека за прашањето за Косово постојат можности за конечно решение, рече Дачиќ. Тој додаде дека и едната и од другата страна треба да вложат дополнителни напори за да се постигне решение.

Во изјава за белградски медиуми, Дачиќ рече дека на средбата е постигнат консензус дека преговорите треба да се интензивираат и потребно е решавање на сите проблеми на мирен начин.

Тој додаде дека опасните моменти и закани за мирот се предизвикани од инсистирањето на Приштина за Белград да ја признае независноста на Косово.

– Таа закана зборува дека не сакаат компромиси туку само сакаат Белград да ја признае независноста на Косово, или дека со воена акција да го заземат северниот дел на Косово и Метохија, нагласи Дачиќ.