Ѓорѓе Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина, сметаат од владејачката СДСМ, откако претседателот денеска одлучи да не го потпише Указот за ратификација на Договорот со грција околу името.

„Во клучниот период кога земјава е пред шанса за добивање на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и пред шанса за добивање покана за влез во НАТО, Иванов продолжува со деструктивните политики со што нанесува штета на државата и граѓаните.
Нема поголемо дело против државата и граѓаните од погрешното, деструктивно однесување на Иванов денеска но и во изминатите години, кој освен одбрана на криминали, заштита на насилници не направи ништо за Република Македонија и нејзините граѓани“, велат од СДСМ.
Порачаа дека за иднината нема да одлучува деструктивниот Иванов, туку сите граѓани.
„На референдум, граѓаните слободно ќе ја искажат својата волја и ќе одлучат за македонската иднина“, стои во соопштението.