Уапсен убиецот на Британецот на Зрче, сакал да избега од Хрватска

од desk2
109 прегледи

Осомниченото лице кое се товари дека го убил туристот на плажата Зрче на Паг е уапсен пред да успее да избега од државата, на аеродромот во Сплит, наведуваат хрватските медиуми.

Вчера утрото е пронајдено телото на 26-годишен државјанин на Велика Британија, пред ноќен клуб на Паг. Осомничениот е идентификуван преку снимките од надзорните камери. Инцидентот се случил за време на фестивалот Хајд-аут, кој е омилен меѓу британските туристи.

Во овој дел од островот моментално престојуваат околу 12.500 британски туристи. До конфликт дошло поради ампули со алкохол, кои се испуштаат во балон, а испарувањето се инхалира. Во инцидентот биле вклучени две групи дилери, при што дошло најпрво до физичка, а потоа и вооружена пресметка, изјавил сведок и очевидец, чиј идентитет хрватската полиција не го открила за тамошните медиуми.