Google ќе се натпреварува со Xbox и PlayStation со своја гејминг платформа

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Google има амбициозни планови да стане повлијателно име во областа на игрите. Компанијата веќе започна проект кој може да го претвори во директен конкурент на доминантните Xbox и PlayStation. Стратегијата на Google ќе се фокусира на три клучни области: платформа за стриминг на игри, сопствен хардвер и алатки за ангажирање на програмери. Многу е веројатно дека реализацијата на овие планови ќе биде поврзана со сериозни превземања на компании со долгогодишно искуство во областа на видео игрите.

Извори блиски до Google тврдат дека таквата идеја се разгледува најмалку една деценија. Пред неколку години, интернет покажа дека технолошкиот гигант има намера да ја купи платформата за стриминг Twitch. Потоа се шпекулираше со желбата на компанијата да претстави своја сопствена конзола, која работи на Android. Обидите на Google во овој сегмент не застануваат тука и во 2016 година, финансираното од нив студио за играње Niantic стана глобален хит со премиерата на играта Pokemon Go, пренесе „TechSpot“.

Излезе дека Google има одржано серија средби со големи имиња во сферата на видео игрите на гејминг конференцијата E3 2018, која се одржа претходно овој месец. Желбата на компанијата е да создаде разновиден екосистем на хардвер и софтвер, чија содржина може да се емитува на цела низа уреди. Влезот на Google во овој сегмент е дефинитивно интересен потег кој најверојатно ќе ги привлече гејмерите и ќе ја зголеми конкуренцијата со Xbox и PlayStation.