Во Велика Британија е прогласена вонредна состојба поради пожарите

од desk2
153 прегледи

Повеќе од десетици противпожарни служби и понатаму се борат против агресивнатата огнена стихија која брзо се шири на земјиштето на Ланкашир, пренесува BBC. Поради брзината на ветрот, настанале уште два пожари и прогласена е вонредна состојба.

Полицијата издаде соопштение со кое ги предупредува пешаците и мотоциклистите да не се движат кон правците Винтер Хил и Скаут Роуд покрај Болтон.

Пожарникарите го гаселе пожарот цела ноќ, а од службата рекле дека операцијата траела до 04:30 наутро. Противпожарните служби од сите краеви на земјата се придружиле кон акцијата за гасење на пожарите во Saddleworth Moor, во Манчестер кој се појави пред една недела. Поради пожарите во Винтер Хил и Скаут Роуд, целиот регион е обвиен во чад и пепел. Луѓето од блиските покраини се замолени да не ги напуштаат домовите и да ги чуваат прозорите затворени.

Пожарот кој започна во четврток се простира на површина од 5 километри квадратни .

Младо момче е уапсено поради сомнеж дека ги подметна пожарите
22 годишно момче од Болтон е уапсено во петокот под сомнение дека ги подметнал пожарите со намера да ги загрози животите на граѓаните.


Директорот на противпожарната служба од Ланкшир, Тони Кук изјави дека на терен се одвива интензивна борба со пожарите и дека се гасат со помош на нивните направи, но и рачно.

Околу 120 пожарникари се распоредени на седум подрачја во Темсајд и Винтер Хил.

Помошникот на главниот пожарникар, Дејв Кила изјави: “Временските непогоди се исклучително предизвикувачки и горд сум на тешката работа и храбрата посветеност на нашите пожарникари”.