Драма во Хрватска: Хеликоптер паднал, па не паднал

од desk2
75 прегледи

 

Драна кај островот Зларин, крај Шибеник, Хрватска. Прво стигна вест дека во морето паднал хеликоптер, а потоа дека леталото сепак принудно слетало на островот.

Најпрво, како што пренесува Index.hr, стигнала вест дека хеликоптерот паднал во морето и дека полициски спасувачки брод се упатил кон местото. Од полиција тогаш соопштиле дека примиле дојава во 10.49 часот.

Ос Центарот 112 дополнително кажале дека хеликоптерот сепак не паднал во морето, туку дека принудно слетал на островот, поради дефект. Наведуваат и дека нема жртви.

„Дојавата е примена во 10.46 часот, за можен пад на хеликоптер во море покрај Зларин или на самиот остров. Полицијаѕа и пожарникарите се пратени, известена е Капетанијата Риека. Утврдено е дека дошло до присилно слетување на хеликоптерот поради дефект на Зларин. На него во тој момент имало тројца и никој не е повреден“, велат од службата 112 за Index.