До неодамна еден од најголемите произведувачи на мобилни телефони со Андроид оперативен систем, чии паметни телефони се нашле и на нашиот пазар, е во голем проблем.

Станува збор за “HTC”, тајванската компанија која поради големите проблеми во кои влегла, сега најавува дека ќе отпушти 25 проценти од работните сили, или околу 1.500 работници, за да го подобрат профитот кој постојано паѓа, пишува “Business Insider”.
Тајванскиот произведувач на мобилни телефони некогаш бил во десетте најголеми, но во последните неколку години едноставно ја загубил битката со конкурентите “Samsung” и “LG”, и што е уште позначајно, со кинеските ривали кои преземаат се поголем дел од пазарот.
“Мораме да го отпимизираме производството на Тајван па принудени сме да направиме ваков чекор. Така подобро ќе ги распоредиме ресурсите и ќе и овозможиме на управата да се сконцентрира на понатамошните чекори”, рекле од “HTC”.
Отпуштањата во “HTC” бу требало да се спроведат до крајот на септември, а ова е продолжение на големите промени во тајванската компанија. Приказните за отпушањата започнала кон крајот на минатата година, кога околу 2.000 инженери на HTC биле префрлени во компанијата на “Google” “Alphabet”, а тајванската компанија на тоа заработила 1,1 милијарди долари. Но, останале без вредни делови и дизајни кои сега “Google” ги продава со ознаката “Powered by HTC”.
Отпуштањата се всушност логичен след на околностите по константниот пад на продажбата и профитот. Во однос на минатата година, приходот паднал за 55,5 проценти, а продажбата за 46,7 проценти.
HTC, кога Андроид платформата почнала да се развива, бил на врвот. Нивниот “HTC Desire” бл еден од најпопуларните телефони на таа платформа. Но, од година во година паѓал се повеќе, и изгледа, се поблиску е до целосен крах.