„S Pen“ на Galaxy Note 9 ќе има необични функции

од desk4
72 прегледи

До премиерата на Samsung Galaxy Note 9 на 9 август има повеќе од еден месец, но на интернет веќе има многу детали за можностите на уредот.

Во поканата за настанот Samsung нагласува на „S Pen“, кој е главната карактеристика на моделите во серијата, но по се изгледа дека оваа година овој додаток ќе добие дополнителна функционалност.

Неодамна се зборуваше дека „S Pen“ ќе има Bluetooth можности што ќе отвори пат за дополнителни начини на неговата употреба на растојание од телефонот.

Ова се наведува во Твитер профилот „Ice Universe“, кој често споделува верни детали за очекуваните уреди. Според него, додавањето на Bluetooth во „S Pen“ ќе им овозможи на корисниците да го користат за далечинско управување на камерата или за контрола на репродукцијата на музика.

Не е исклучено електронското пенкало да има и други нови карактеристики, но сето тоа значи дека за својата работа ќе се потпира на вградена батерија.

Во прилог прикажаната во поканата за настанот жолта боја сугерира дека Galaxy Note 9 може да добие нова боја.