Ќе бидам иден претседател на Македонија, изјави синоќа Тодор Петров во емисјата „Само вистина“.

Претседателот на СМК најави дека ќе влезе во трка како независен кандидат и дека ќе ги собере потребните потписи за номинација на следните претседателски избори.
И во вечерашниот дуел, во кој се зборуваше за договорот со Грција, повторно беа презентирани сосема различни страни. Петров дебатираше со новинарот Љубиша Николовски, кој е убеден дека ако не влеземе во ЕУ, ќе се затвориме од светот и „ќе јадеме корени“.
Петров на сосема спротивен став, смета дека претседателот не мора да се потпише позади ова „предавство на Македонија“.
– Сите треба машки да излеземе и да го дадеме својот глас. Не сакам да дозволам некои мрзливци, комформисти што седат дома, да бидат малцинство и да одлучат за мојата, судбината на моите деца и внуци – вели Николовски.