Утре прскање против комарци во Кратово

од desk4
80 прегледи

   Првото прскање против комарци на подрачјето на општина Кратовоо за 2018 година ќе се изврши утре.

Од локалната самоуправа на општина Кратово информираат дека аеро-запрашувањето  ќе биде спроведено во раните утрински часови, во периодот од пет до девет часот.

Со прскањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од село Кетеново во горниот реон, како и целото градско подрачје.

Поради авионско третирање против комарци од општината апелираа  пчеларите во времето на третирање и три-четири часа подоцна да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.