По повторното изгласување на Законот за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција, претседателот Ѓорге Иванов, има уставна должност да го потпише и на тој начин да ги деблокира процесите за полноправно членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во Европската Унија, велат од партијата на Демократскиот сојуз.

-Доколку не го потпише Законот, треба да си поднесе оставка, во спротивно ќе се соочи со одговорност сврзана со злоупотреба на службената положба, како и секој друг граѓанин кога го крши Уставот и законите.
Демократскиот сојуз оценува дека ова е историска шанса, со која се отвораат перспективи за Македонија и треба да ја искористиме за коренити реформи и економски развој