Изложба во Прилеп на Моника Десоска Каргова

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва ќе биде отворена изложбата на дела од уметникот Моника Десоска Каргова.

Пред прилепската публика Моника Десоска Каргова ќе се претстави со дела од серијата наречена „ Живееме, Танцуваме, Тагуваме“, создадени последниве девет години.

Првпат на публиката во Прилеп Десоска Каргова и се претстави во 1992 година.

Прилепскиот уметник Моника Деоска Каргова досега има 10-ина самостојни изложби во земјава и странство и учествувала на 18 групни изложби.