Екс премиерот Никола Груевски денеска го бранеше докторатот пред петчлената комисија од професори на Економскиот факултет. Ментор на докторатот на Груевски е Проф. Др. Михаил Петковски. Факултет не им дозволи на медиумите да го снимаат бранењето на докторатот.

„Благодарение на реформите од 2006 година многу земји ја препознаа Република Македонија како земја за инвестирање“ – рече Груевски во презентирањето на докторатот.
Во салата беа присутни неговите ќерки и мајката Надица, сопругата Боркица не присуствуваше на одбраната. Тој и денеска се пријави на шалтерот на Основниот суд 1, а потоа се упати кон Економскиот факултет.
Готографија: Фокус