Најдобрите подводни фотографии за 2018 (ГАЛЕРИЈА)

од desk4
263 прегледи

Океанот е убав, но и застрашувачки. Токму овие спротивности ги доловуваат фотографиите кои пристигнале на Конкурсот за најдобра подводна фотографија на годината (UPY) за тековната 2018 година. Објавените фотографии на победниците совршено го претставуваат подводното богатство кое го одзема здивот.

Победник во категоријата макро е „Густината на морските коњчиња“ на Шејн Грос од Канада. Тој со воодушевување раскажува дека езерото на кое сликал може да се пофали со најгусто населени морски коњчиња во Европа. Сепак вели дека првпат гледа три заедно како на фотографијата.

  • „Кампував на брегот и имав пред мене цела ноќ за да фотографирам. Сакав светло во позадина, но не очекува дека ќе начекам три морски коњчиња заедно. Тоа ми дојде како подарок. Бев многу внимателен, бидејќи не сакав да ги вознемирам и да отпливаат па да ги загубам во далечините. Користев подводен блиц ставен на мал статив, кој не беше наместен на апаратот туку беше во позадината, под триото, а завртен кон апаратот. Чекав ова трио да се заврти така што ќе им се гледа јасно целата силуета. Сонцето заоѓаше и како што се стемнуваше почна да има се повеќе планктон. Кога морските коњчиња изедоа дел од планктонот се забележуваше дека се опуштиле. Се уште се трудиме да го заштитиме ова место, па затоа нема да ја откријам локацијата.“

Уште една фасцинантна фотографија во категоријата макро е и „Убава дама“ на Тианхог Ванг од Кина, која претставува јапонско пигмејско морско коњче.

  • „Кога ја направив фотографијата, користев широк отвор на блендата и се обидов со различни компинации на осветлување за да се замати позадината, а субјектот да биде осветлен. Тоа создаде живост во контрастот на хармонијата. Целта сепак беше да создадам целина на позадината и субјектот. Ова ја покажа убавината на оваа дама, и даде преубав карактер и создаде подобар впечаток.“

Во категоријата макро е и фотографијата „Храна или пријател?!“ на Сонгда каи од Кина.

  • „Сум имал многу средби со вакви јагули, но никогаш не сум ги начекал на толку живописен начин. Делува како да ве привлекува со вртењето на своето тело, а истовремено со поглед цели кон пленот. Поради вакви сцени кои оставаат без здив се заљубив во подводната фотографија. За да се доловат сложените детали кои го доловуваат совршенството на субјектот, клучно беше позиционирањето на светлото. Свесен бев дека дури и најмала грешка во осветлувањето ќе ја уништеше беспрекорноста на сликата.“

Во категоријата фотографии снимени од „широк агол“ се најде и „Готвење колбас“ на Пека Туури од Финска. Раскажува дека фотографијата и композицијата се направени од нула. Отишол во каменолом имајќи ги на ум пештерските слики, но сакал да направи нешто поинакво. Сакал да си игра со сув мраз и да види како ќе реагира под вода, но не било така како што замислил.

  • „Зедов парче портокалов гел кој го прицврстив на факел што создаде виртуелен оган со вистинската температура на бојата која ја баравме. По неколку експерименти, веќе бевме подготвени за вистинската слика следниот ден. Купивме колбаси на бензинска пумпа и натрупавме на куп неколку парчиња огревно дрво. Остатокот беше лесен: добар модел, природна светлина под ледената покривка, вистинската брзина на блендата и неколку снимки. Горд сум на оваа слика бидејќи е резултат на нашата сопствена иновација и не е копирана од некој друг!“

Конкретно за следната фотографија на Тобијас Фридрих од Германија, која е насловена „Ви го оздема здивот“, авторот лично раскажува дека наишол на јато орки кои кружеле околу харинги фатени во мрежа.

  • „Животните продолжија да кружат и лесно можевме да им се доближиме за да направиме неколку слики од поблиску.“

Една од ваквите фотографии е и „Љубовни птици“ на Грант Томас од Обединетото кралство. Раскажува дека сликал на пладне, кога сонцето било високо на небото, полека се прикрал кон плитката вода и чекал лебедите да се привикнат на него. Кога почнале да бараат храна, требало само да го чека совршениот момент.

  • „Отсекогаш ме фасицинирала комбинацијата на надводна и подводната фотографија – го поврзуваат секојдневниот земен свет кој ни е познат, со подземните тајни. Како локација го избрав Лох Ломонд, поради идиличната сценографија, пристапот до вода и секако лебедите кои се пријателски расположени. Мојата првична идеја беше да се подели кадарот на еден лебед кој јаде под вода, но потоа забележав дека ме опкружиле и дека им е пријатно околу мене. Добив доверба и со малку трпение ја направив оваа магичка фотографија од двата лебеда.“

Уште една таква фотографија која ги покажува двете површини е „Рандеву“ на Рене Копзола од САД. Оваа слика е победник во категоријата за широк кадар. Копозола раскажува дека во Француска Полинезија има голема популација ајкули која е заштитена.

  • „Ова е моето омилено место за сликање ајкули – поради тоа што водата често е плитка, што е совршено за вакви поделени фотографии. Намерата ми беше да излезам на зајдисонце и да сликам. Предизвикот беше тоа што имав малку време кога сонцето е на хоризонтот, а потребни беа повеќе обиди и тоа во текот на неколку дена. Користев мал отвор на блендата на фотоапаратот, large dome port и  блиц. За жал, 100 милиони ајкули се губат секоја година, најмногу поради претерано рибарење и поради огромната побарувачка за ајкулите претставуваат балансиран морслки систем. Се надевам дека ваквите фотографии ќе го уловат вниманието на луѓето и дека ќе помогнат да се покрене свеста за ајкулите и останатиот морски живот.“

На Конкурсот годинава пристигнале фотографии од 63 земји, поднесени од повеќе од 5.000 фотографии, кои потоа се натрепарувале во 11 категории, како и за главната награда. Годинава, таа отиде кај германскиот фотограф Тобиас Фридрих за фотографијата насловена „ЦИКЛ-ВОЈНА“, којашто покажува панорамски поглед на потопениот брод СС Тистелегмум. На него се гледаат мотори натоварени на камиони. Фридрих појаснува дека со години ја имал идејата за оваа фотографија, но се соочил со вистиски предизвик кога почнал да бара начин како да ја сними и да го искомпонира кадарот.

  • „Ѕидот е многу блиску и не можете да се вратите доволно назад за да ја фатите целата сцена. Поради тоа, морав да создадам панорамска слика за да ја фатам целата палуба со товарот. Сакав да вклучам и некои светла што на сликата ќе и дадат поголема длабочина“, вели Тобиас Фридрих.

Претседателот на жири-комисијата Питер Роуландс истакна дека, иако ова не е првпат некој да ја направи оваа фотографија, сепак уметничката композиција е она што го издвојува Фридрих од останатите.

  • „Совршено осветлена и искомпонирана! Предвидувам дека отсега нема да има подобра фотографија на овој предмет“, појаснува Роуландс.

Победник во категоријата за портрети е фотографијата на Тања Хуперманс од САД, која прикажува огромна ајкула. Таа раскажува дека секогаш со нетрпение очекувала да нурка до еден потонат брод на карибите и да ги гледа ајкулите, кои ги опишува како страшни, но послушни.

  • „Оној ден кога се спуштив до потонатиот брод, не можев да поверувам во она што го видов – милиони мали риби беа групирани заедно во огромен круг над бродот, а ајкулите лежерно пливаа меѓу рибите. Кога отпливав до центарот на јатото риби, се протнав под змијозабата ајкула, обидувајќи се да не ја вознемирам. Кога се движев со ајкулата низ водата, малите риби се разделија и ми овозможија чист кадар од долната страна на оваа прекрасна ајкула. Ова воедно беше едно од најневеројатните искуства што ги сум ги имала откако сум подводен фотограф.“

Во категоријата портрет-фотографија се најде и „Една од последните“ на Роберт Марк Лехман од Германија. „Уловена“ е една од двете азиски видри со мали канџи кои Лехман ги следел неколку дена додека траел процес за нивно враќање во „џунглата“ на Палаван на Филипини.

  • „Биле спасени како бебиња и луѓето се обидуваа да ги ослободат и да ги пуштат назад во дивина, по екстензивна обука во морето, џунглата и во слатки води. Бидејќи овие суштества се супер агилни и брзи, многу е тешко да ги анчекате и да добиете солидна задоволителна слика. Имав стотици лоши слики без фокус. На некои, пак, се гледаше само половина видра во кадар. Ужас! Реката е во тропска област, но водата беше само до најмногу 10°C. По долги часови без движење и стоење во место, бев блиску до хипотермија, но конечната слика вредеше! На овој вид во блиска иднина му се заканува исчезнување поради загубата на живеалиштата. Се надевам дека се уште има време да се спасат, бидејќи се неверојатно.“

Победник во категоријата за црно-бела фотографија е „Утрински лет“ на Филипо Борги од Италија. Тој, во објаснувањето за фотографијата пишува:

  • „За време на пролетта, од април до јуни, на брегот на Калифорнија можат да се видат импресивни миграции на морскиот свет. Илјадници раи од видот мобула мигрираат долж брегот. Многу пати се обидов да го доловам ова интересно однесување, но никако да го начекам. Годинава, за време на едно утринско сафари покрај морето забележав група преубави раи и веднаш скокнав во водата. Ги следев неколу часа и конечно успеав да направат воодушевувачка фотографија.“

Уште еден победник во категоријата за црно-бела фотографија е „Хипноза“ на Холанѓанката Венди Тимерманс. Таа вусшност е светски вицепрвак во слободно нуркање (без опрема за кислород) и под вода со еден здив може да издржи да нурне до 83 метри длабочина. Сепак, раскажува дека нуркањето на поголема длабочина е само мал дел од нејзината пасија. Вели дека подводниот свет е нејзина голема љубов, а еден од најголемите долгогодишни соништа и е слободното нуркање во Мексиканските сеноти – познатите дупки исполнети со вода и окружени со карпи.

  • „Како нуркачи кои не користат опрема за кислород, ги истражуваме бездните со само еден здив – на најприродниот можен начин. Тоа ни овозможува грациозно да се движиме низ  водата. Кога ќе нурнеме, времето едноставно застанува на неколку моменти. Мирот, убавината и спокојството на ова оддалечено сеноте ја дополнително ја зголемува смиреноста која е карактеристична за нашиот спорт. Фотографијата го покажува колега фотограф Гијом Бихет додека нурка. Тоа што нуркаме ненатоварени со опрема за кислород ни овозможува да се движиме слободно и полесно и да импровизираме. Најважното е дека фотографијата е направена само со природно светло во Nah Yah Cenote, на полуостровот Јукатан во Мексико.“

Венди Тимерманс на Конкурсот учестувала со уште една фотографија во категоријата за слики направени од „широк агол“. За ова нејзино дело раскажува дека повторно на фотографијата е нејзиниот колега Гијом Бихе кој повторно нурка кон длабочините.

  • „Хипнотизирачки сноп сончева светлина ја осветли кристално бистрата вода во длабочините, засилувајќи го контрастот меѓу светлото и темното. Во овој момент, водата беше неверојатно мирна и тивка. Малото движење низ водата создаде кружни траги на површината, кои преубаво се спротивставени со правите траги под површината на водата.“

Сеноте Нариз е влезот во голем „систем од пештери“ во Јукатан. Фотографот Херберт Мејрл од Германија раскажува дека таму нурка често свои тројца другари. Така настанала и фотографијата исто така насловена „Сеноте Нариз“ со која на Конкурсот учествувал во категоријата за фотографии направени од „широк агол“.

  • „Кога го видов овој совршен прозорец кој се отвора кон голема просторија пред нас, има дадов знак на другарите да застанат. Си направив план во глава, а  додека пливав полека низ прозорецот наместив два блица на двете страни од отворот, кои беа сензорски поврзани. Тогаш им дадов знак на другарите да поминат низ него. За позадинско светло секој од нив држеше по едно „помошно“ светло вперено кон назад. Еден нуркач кој не се гледа на фотографијата вклучи две други светла кои ја осветлија позадината. По многу нуркања заедно, разработивме дури и наши сопствени сигнали, па знаеја точно што сакам и одиграасовршено.“

Инаку, главниот услов за фотографиите да бидат примени и да учествуваат на Конкурсот е да бидат направени под вода – целосно или делумно. Дозволено е дел од фотографијата да ја покажува и површината над водата, но се додека дел од неа ѕирка и под површината. Конкурсот не ги ограничува фотографите и во корегирањето, па целосно е дозволена и пост-обработка.

Во продолжение се и останатите фотографии кои учествувале или победиле во една од 11-те категории на Конкурсот за најдобра подводна фотографија на годината (UPY) за тековната 2018 година. Инаку, годинава пристигнале фотографии од 63 земји, поднесени од повеќе од 5.000 фотографии.