Тачи ја има поддршката од владејачката коалиција за преговорите со Белград

од desk2
117 прегледи

Косовскиот претеседател Хашим Тачи ја доби поддршката од партиите на власт да го предводи процесот на преговори меѓу Косово и Србија.


Претставници на албанските субјекти кои се дел од оваа коалиција изјавија за весникот „Епока е Ре“ дека Уставот му дава легитимитет на Тачи да го претставува Косово во дијалогот.

Сепак, според нив, неопходно е за овој процес да се постигне политички консензус, односно во преговарачкиот тим да се вклучи и опозицијата, која, пак, и натаму продолжува да му го негира легитимитетот на Тачи како обединувачки фактор.