Фотографии откриваат како ќе изгледа Nokia X5

од desk2
87 прегледи

HMD Global продолжува да биде една од најактивните компании на глобалниот пазар на паметни телефони од почетокот на годината досега. Компанијата планира да започне со продажба на уште еден модел од просечната ценовна класа наречена Nokia X5. Официјалната премиера ќе се одржи на специјален настан во Кина на 11-ти јули. Неколку фотографии се објавени на интернет, два дена претходно, откривајќи го дизајнот на уредот, кој изгледа ќе се продава во црно и сино, објави „NokiaMob“.

Сликите покажуваат дека над дисплејот ќе има „Notch“ пресек, а дизајнот е сличен на Nokia X6. Компанијата, исто така, објави покана за настанот за да ги потврди своите планови. Nokia X5 ќе биде опремен со голем 5,9-инчен дисплеј кој поддржува HD + 1520×720 пиксели. Корисниците ќе можат да избираат помеѓу неколку верзии на паметниот телефон, кој има 3GB, 4GB или 6GB RAM меморија, надополнети со 32GB / 64GB вградена меморија.

Во задниот дел има двојна камера со 13МР и 5 мегапикселна резолуција, а напред се наоѓа 8-мегапиксели сензор за селфи. Брзината е обезбедена од 8-јадрен MediaTek процесор. Најевтината верзија на уредот во Кина ќе се продава за еквивалент од 100 евра. Ако цената на европскиот континент е слична тоа може да ја претвори Nokia X5 во еден од најбараните смартфони во нискиот ценовен сегмент. Претстојниот настан на 11 јули веројатно ќе открие кога моделот ќе се продава во Европа.