Укинато буџетското финансирање на 26 партии

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Поради ненавремено доставување на извештаии укинато е буџетското финасирање на 26 партии. Министерката за првда Рената Дескоска на тркалезна маса за подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија, во организација на Националниот демократски институт (НДИ), во соработка со „Транспаренси интернешнл Македонија“, рече дека е потребно јакнење на капацитетите на институциите, како антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија, Обвинителството и други.

 „Ако имаме 56 партии кои што добиваат буџетско финанасирање, во април е донесена одлука со која е сопрено финансирањето на 26 партии зашто ненавремено доставиле извештај и тоа е еден вид контрола што ги мотивира партиите на транспарентност“, вели таа.

Потребна е поголема контрола врз финансирањето на партиите, препорачуваат од „Транспаренси интернешнл“. Претседателката на организацијата, Слаѓана Тасева, препорачува да се зајакне контролниот механизам.

„Имаме добро законодавство, дефинирано е кои начини се забранети за финансирање, меѓутоа системот на контрола е расцепкан. Сите институции се надлежни и ниту една не е“, вели Тасева, која денеска учествуваше на тркалезна маса за подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија во организација на Националниот демократски институт (НДИ), во соработка со „Транспаренси интернешнл Македонија“.