На новосадскиот „Егзит“ изработен еколошки мурал од 2.000 лимнки

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Посетителите на овогодишниот „Егзит“, што вчера заврши во Нови Сад, уживаа во изработката на единствен еколошки мурал од 2.000 лименки, соопшти организаторот на манифестацијата.

Муралот наречен „Пикселата“ е долг шест метри и претставува импресивна фотографија на девојка, која ја симболизира темата на овогодишниот „Егзит“ – „Слободата“.

Во изработката на муралот учествувале голем број домашни и странски постители на фестивалот.

„Пикселата“ е уште еден придонес и уште едно потсетување во важноста на заштитата на животната средина, се наведува во соопштението.