Арапските газели, клуб на љубителки на автомобилизам помогнат од Мекларен и Ферари, работи на тоа да смени претставата дека арапските жени не можат да ракуваат со скапи автомобили.

Во клубот моментно членуваат околу 80 жени од 17 држави, дами кои се уверени дека „суперавтомобилите“ не се наменети само за мажите. Основачка на здружението е Ханан Мазоузи Собати од Дубаи.
Овој клуб совршено се вклопува во град како Дубаи, каде што елитата купува ултраскапи возила со еднаква леснотија како кога обичните луѓе одат во супермаркет.