ДС: Неопходно е граѓаните да се изјаснат на консултативен референдум

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните, велат од ДС.

– Договорот со Грција е постигнат, Законот за ратификација на договорот е донесен, при што пред промените во Уставот, неопходно е да се изјаснат граѓаните на консултативен референдум.

Без разлика на карактерот на референдумот, резултатите ќе бидат обврзувачки за сите.

Доколку референдумот е успешен, тогаш Парламентот има обврска да ги усвои Уставните измени, во спротивно, се сè враќа на почеток и ќе се блокираат евроатланските процеси.

Демократскиот сојуз смета дека само со објективно и аргументирано информирање за предностите од членството во НАТО и ЕУ, граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука и ќе ги отворат перспективите за Македонија.

Членство во НАТО и ЕУ обезбедува стабилност, безбедност и правна сигурност, како основни предуслови за економски развој.