Бугарската Влада не смее да потпишува билатерални договори за мигранти

од desk2
71 прегледи

Бугарскиот Парламент денеска усвои Резолуција со која на Владата и се забранува да потпишува билатерални договори со други земји од Европската унија за реадмисија на мигранти, кои во Европа влегле преку тие држави.


Резолуцијата ја поддржаа 177 пратеници, кои одлучија и дека бугарската Влада, предводена од премиерот Бојко Борисов, до крајот на семптември треба да го претстави бугарскиот предлог за реформа на Даблинскиот договор.

Бугарија поддржува затворање на надворешните граници на ЕУ за мигранти и изградба на прифатни центри за бегалци надвор од територијата на ЕУ.