Рома зема Швеѓанец за заменик на Алисон

од desk2
69 прегледи

Рома пронајде заменик на Алисон. Станува збор за голманот на шведскиот национален тим, Робин Олсен. Спортскиот директор на „волците“ Мончи се договорил со Копенхаген за трансфер во вредност од 11,5 милиони евра.

Во неделата, Италијанците упатија прва понуда во вредност од 10 милиони евра, но Данците инсистираа за 16 милиони евра. На крајот двата клуба се ракуваа и се очекува уште денес Олсен да пристигне во Рим, за да помине медицински истражувања и да го потпише својот договор со Рома.

Голманот се претстави многу силно на светско првенство во Русија, откако помогна на скандинавците да стигнат до 1/4-финалето. Тој има 23 натпревари за шведскиот национален тим, како и 99 натпревари за Копенхаген, каде пристигна од ПАОК во јануари 2016 година.