Дали вонредната состојба во Атина ќе влијае на туристичката сезона?

од desk2
134 прегледи

Актуелните пожари во близина на Атина не влијаеја на летовите кон престолнината на Грција, ниту пак на актуелната туристичка сезона.

Единствено подрачје, од каде туристите нема да можат да патуваат кон Кикладските острови е Рафина, областа во која избија ужасните пожари, а која е второ најголемо пристаниште во близина на Атина.

„Сигурно е дека бродови нема да се наоѓаат во пристаништето Рафина уште некое време. Подрачјето е целосно уништено“, тврдат грчките власти.

Пристаништето стана импровизирана болница, каде беа доведувани преживеаните лица, како и место за спасувачките бродови.

Туристичките агенции ги советуваат туристите, кои летаат во овие предели, редовно да ги следат вестите, а во случај на непосредна опасност веднаш да се контактираат агенциите во тоа подрачје.

После катастрофалните пожари и 79 жртви досега, грчкиот премиер Алексис Ципрас, прогласи вонредна состојба и тридневна жалост.

Што да правите ако се најдете во близина на шумски пожар?

Грчка агенција за заштита на граѓаните, пренесува дека во ваква ситуација потребно е веднаш да повикате пожарникари и да им ги дадете следниве информации:

– Локацијата

– Правецот на огнот

– Видот на вегетацијата која гори

Сезоната на пожари обично трае од мај до октомври, кога времето во Грција е топло, суво и ветровито.

На посетителите најстрого им се забранува да фрлаат отпушоци од цигари, да горат сушена трева или гранчиња. Исто така, избегнувајте и некои други активности на отворено кои можат да предизвикаат оган.

Дали климата предизвикува сѐ повеќе пожари?

Европската агенција за заштита на околината, пренесува дека според метеоролошките прогнози следува „постепено затоплување и зголемување на сушата и топлотните бранови ширум Медитеранот, а најмногу вo јужна Европа.

Ова директно укажува на зголемување на должината и јачината на сезоната на пожари, во регионите кои се во непосредна опасност, стои во соопштението на европската агенција.

Бројот на пожари во областите ширум Медитеранот, се зголемија од осумдесеттите до деведесеттите години, меѓутоа и нагло се намалија во претходните 18 години.

Сепак, едно истражување вели дека пожарите во Јужна Европа би можеле двојно да се зголемат во овој век.

Дали пожарите се честа појава во Грција?

Последните статистики од 2013 година, покажуваат дека Грција ја зафатиле 862 пожари, додека Португалија дури 19.291.

Пиринејскиот полуостров, Франција и Италија имаат најголем процент на пожари во текот на годината.