Противпожарна служба на Грција: 82 загинати во пожарите

од desk2
69 прегледи

Дополнително се зголеми бројот на загинати во пожарите што го зафатија источниот дел на областа Атика во Грција и според последното соопштение од грчката противпожарна служба, вкупно 82 лица го загубија животот.


Како што јави дописничката на МИА од Атина, и понатаму продолжува потрагата по исчезнати лица, но само во становите и куќите што се отворени.

– Потрагата за пронаоѓање на исчезнати лица продолжува со несмален интензитет со патроли кои пеш вршат контроли на отворени простори, автомобили, дворови на куќи, куќи кои што се целосно или делумно уништени во пожарот, но и во сите други простори каде што би можеле да се пронајдат луѓе. Во домовите што се заклучени и не е можен влез, за сега уште не е извршена контрола, вели Ставрула Малири портпаролката на противпожарната служба на Грција и потенцира дека потрагата нема да запре се додека не се проверат сите делови зафатени од пожарот.