Јувентус презеде голем ризик со Кристијано Роналдо, вели претседателот на Наполи – Аурелио Де Лаурентиас.

33-годишниот Португалец премина во италијанското првенство со трансфер од Реал Мадрид на 10-ти јули.

„Роналдо е постар и опасно е да платиш толку многу за играч кој е близу до крајот на неговата кариера, а неговата плата не одговара на ниту еден стандард“, изјави тој за Ла Верита.

Во Реал Мадрид, Роналдо два пати ја освои титулата во Шпанија и четири пати во Лигата на шампионите.

Слични содржини