Ако сте имале (или слушнале) било какви поплаки во врска со животниот век на батеријата на Galaxy Note 8, претстојниот Galaxy Note 9, најверојатно, ќе се промени радикално. Сајтот SamMobile, кој следи речиси сè што се случува околу мобилните уреди на Samsung, наиде на регистрација, поднесена од страна на компанијата кон бразилската телекомуникациска служба ANATEL. Конкретниот документ е капацитетот на батеријата на претстојниот паметен телефон, кој е вкупно 4000 mAh. За споредба, батеријата Galaxy Note 8 имаше капацитет од 3300 mAh, при што разликата се проценува на околу 21% во корист на неговиот наследник. Нешто што го слушнавме порано, но сега имаме повеќе информации.

Информациите на SamMobile се совпаѓаат со преглед на уредот неодамна направен од авторитетниот руски блогер Елдар Муртазин. Тој исто така тврди дека Galaxy Note 9, кој го има на располагање, има капацитет на батеријата од 4.000 mAh. Благодарение на тоа смартфонот издржал речиси два дена вообичаена употреба и овозможува да се гледа до 25 часа постојано видео при максимална осветленост на екранот, пред да снема енергија. Значи Galaxy Note 9 се појавува како потенцијален лидер во однос на батеријата помеѓу паметните телефони оваа година.
Во исто време, Муртазин тврди дека Samsung го зачувале елегантниот дизајн на уредот речиси недопрен, на сметка на мало зголемување на телесната тежина. Ова значи дека Galaxy Note 9 не може да ве изненади со променет изглед, туку зборува за квалитетна работа направена од страна на инженерите на компанијата. Ако ги додадеме подобрувањата во фотографијата, брзината на работа и познатото паметно пенкало S-Pen, посочени од блогерот, смартфонот дава најава за квалитетна надградба спрема својот претходник.
За добро или лошо, квалитетот секогаш има своја цена, а таа на Galaxy Note 9 се очекува да биде многу сериозна. Рекламна брошура, која се појави во SlashLeaks, зборува за чудесната сума од околу 1.210 долари за верзијата со 512 GB меморија, а основниот модел со 128 GB простор е „само“ околу 977 американски долари во неговата родна Јужна Кореја.
Претходно оваа недела, добро познатиот автор Роланд Квандт објави почетна цена од 1.050 евра за Европа, а максималната се очекува да достигне 1250 евра!