Високи гости: Меркел, Трудо, Санчес на листата на посети за референдумот

од desk2
159 прегледи

Расте бројот на најави на посета на Македонија на високи гости во политиката кои би го поддржале референдумот од крајот на август па до 30 септември за кога е закажан, пренесува Дојче Веле.

„Република Македонија добива секојдневна поддршка од целата меѓународна заедница која ќе се засили во периодот што доаѓа. Очекуваме поддршка за двата клучни процеса кои ни следуваат. Од една страна тоа се реформите, подготовката на скринигот со ЕУ и почеток на преговорите во јуни 2019 година, од друга страна тоа е референдумот, кој на крајот од септември ќе одговори на прашањето дали граѓаните се за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција. Во мисијата на исполнување на овие две крупни задачи Македонија ќе ја посетат политичари и дипломати од највисок ранг од институциите на ЕУ, НАТО и клучните држави членки на овие организации“, потврдува Маричиќ.

Според непотврдени информации, покрај високи функционери од ЕУ и НАТО, се очекува во земјата да допатува и германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Шпанија, Педро Санчес, и на Канада; Џастин Трудо.