Средба Мицкоски-Клајн

од desk4
363 прегледи

  

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски  оствари работна вечера со Пратеникот во Германскиот Бундестаг од Партијата ЦДУ, Волкмар Клајн.

Во текот на средбата беа нагласени добрите односи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ. Соговорниците се согласија дека е потребно понатамошно развивање на меѓусебните односи со цел афирмација на взаемните идеолошки вредности.

Мицкоски ги елаборираше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со стратешките надворешно- политички приоритети на партијата и актуелните случувања,  се вели во партиското соопштение во кое нема детали за разговорите и конкретни теми и ставови.